Филипче: Сугаре, кој те знае – знае дека ќе победиш! (ВИДЕО)

Филипче: Сугаре, кој те знае – знае дека ќе победиш! (ВИДЕО)

На саботната промоција на Горан Сугарески за кандидат на СДСМ за градоначалник на Прилеп, актуелниот потпретседател на најголемата владејачка партија и министер за здравство, Венко Филипче, за Сугарески, меѓу другото, го кажа и следното:

  • Оние кои го познаваат, знаат дека е остар, без влакна на јазикот. Грлат, гласен, како лавина која се спушта од планината. За него нема табу тема, нема непремостлива пречка, нема затворена врата – е тоа е Сугаре.
  • Сум работел со него на многу проекти, и знам: кога ќе се нафати на некој предизвик, нема сила или препрека која ќе го помести од тој пат. Булдожер!
  • Сугаре е најдоброто за Прилеп и ќе биде најдобриот градоначалник кој Прилеп го имал или ќе го има!
  • Сугаре, другар, те гледам во очи и ти кажувам: твојата најголема желба е на дофат – да работиш за родниот град, да покажеш разлика, да оставиш трага која прилепчани долго ќе ја паметат по добро. Кој те знае, знае дека ќе победиш!  Ќе станеш градоначалник со кој СДСМ ќе се гордее.
  • Со него, кога ќе стане градоначалник, ќе имаме проблем и ние во Владата. Секој ден ќе врти по сите министри, барајќи проекти, инвестиции, ангажман. Кога ќе му велиме дека има и други градови, тој нам ќе ни вели, исто како што правел и досега: „Морее Венко, вие си имате и други градови, ама за мене Прилеп е целиот свет. Во Прилеп треба да се доселуваат млади луѓе, а не да се отселуваат!“.
  • Работејќи со него сиве овие години, сигурен сум во едно нешто: Сугаре ќе им прави проблеми на своите, за да ги реши проблемите на Прилеп!
  • Прилепчани, не сте можеле да добиете подобар кандидат!
  • Сугаре, ти си вистинскиот човек за Прилеп! Најдоброто! Честитки и напред кон победа!

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …