Филипче - За построги ковид- мерки ќе се знае следната недела

Филипче – За построги ковид- мерки ќе се знае следната недела

Засега нема потреба од воведување на полициски час во ниту еден град со цел спречување на ковид, рече министерот за здравство Венко Филипче. Засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничување на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, во предвид доаѓаат и такви мерки, рече министерот. По зголемениот број на случаи на новозаразени со ковид-19 во изминатите денови Неготино и Гевгелија побараа да се воведе полициски час во нивните општини. За тоа дали ќе следат построги мерки ќе се знае следната недела.

„Ситуацијата се следи, моментно болничките капацитети не се загрозени и секаде има слободни кревети. Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, анализата за трендот на ковид-бројките ќе заврши следната недела кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање“, рече министерот за здравство.

Министерот за здравство денеска беше во посета на Општина Сарај , каде се гради нова поликлиника.
Министерот информира дека според анализите, голем број од новите случаи се должат на т.н. британскиот вирус, над 70 проценти, посебно во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …