Finance Think: Во третиот квартал од 2023 инфлацијата забави на 7.8 отсто

Finance Think: Во третиот квартал од 2023 инфлацијата забави на 7.8 отсто

Finance Think го објави Макроекономскиот монитор К2 2023.
Во третиот квартал од 2023, БДП се зголеми за 1.2% на годишна основа, што е продолжение на забавувањето на економската активност кое отпочна порано. Главен двигател на забавувањето е надворешната побарувачка, која се рефлектира во значителен пад на извозот (-5%), и бруто инвестициите (-18.2%), двете резултат на забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери и на продолжената неизвеност. Сепак, падот на извозот е наткомпензиран со истовремен пад на увозот (-9.8%), којшто ја одразува увозната зависност на производството за извоз, посебно во слободните економски зони.
Личната потрошувачка и понатаму релативно солидно расте (2.8%), движена од враќањето на реалниот раст на платите во позитивна зона и од солидниот раст на другите доходни компоненти на населението. Додека, падот на јавната потрошувачка (-3%) е во линија со релативната фискална консолидација. Индустријата и градежништвото го продолжија падот (-0.8% и -13%, соодветно), наспроти повеќе од услужните дејности кои забележаа солиден раст.
Невработеноста во третиот квартал од 2023 се намали на 12.8% (од 13.1% во претходниот квартал). Вработеноста благо се зголеми на 45.7% (од 45.5% во претходниот квартал), додека активноста на пазарот на труд остана стагнантна на 52.4%. Овие движења се поволни, но значајно побавни од претходно.
Во третиот квартал од 2023, инфлацијата забави на 7.8% на годишна основа, од 11.2% во претходниот квартал. Забавувањето е водено од намалувањето на глобалните притисоци кај храната и енергијата и од високата споредбена основа во истиот квартал од 2022, но во тековниот квартал повторно се појавија домашни притисоци врз цените на храната од одредени трговски и корпоративни практики. Сепак, базичната инфлација од 7.1% во третиот квартал од 2023 укажува дека ценовните притисоци во голем дел сега произлегуваат од останатите сегменти од потрошувачката кошничка.
Економското забавување кое е моментално на сцена ќе продолжи до крајот од 2023 и најмалку во првата половина од 2024 година. Finance Think ја задржува проекцијата за раст на БДП во 2023 на 1.7% и за раст на цените на 9.7%. За следната 2024 година, Finance Think проектира стапка на раст на БДП од 2.7% и стапка на раст на цените од 3.8%.
 
Публикацијата е во прилог, и објавена на следниот линк

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе …