НАТО

Финска ќе аплицира за членство во НАТО без одлагање

Финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин соопштија дека го поддржуваат приклучувањето кон воената алијанса НАТО, и со тоа напуштање на децениската неутралност за оваа нордиска земја, која дели долга граница со Русија.

„Членството во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска. Како членка на НАТО, Финска ќе ја зајакне целата одбранбена алијанса. Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање. Се надеваме дека националните чекори што се уште се потребни за да се донесе оваа одлука ќе бидат преземени брзо во текот на следната неколку дена“, се вели во заедничката изјава на двајцата лидери на 12 мај.

Дебатата за пристапување во НАТО беше поттикната од зголемените безбедносни стравови откако Русија во февруари започна неиспровоцирана инвазија на соседот Украина. Во наредните денови се очекува и Шведска да ја објави својата намера за членство во НАТО.

Сè што треба да знаете: Финска и Шведска сѐ поблиску до НАТО

Иако не се очекува веднаш да биде објавен официјален датум за пристапувањето, НАТО ќе одржи самит во Мадрид на 28 и 29 јуни.

Официјални претставници на НАТО посочија дека протоколите за пристапување на Финска и Шведска би можеле да бидат потпишани во тоа време, доколку формалните апликации бидат ставени на масата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до крајот на мај.

Комисијата за одбрана на финскиот парламент препорачува членство во НАТО

Данскиот премиер Мете Фредериксен брзо ја поздрави заедничката изјава велејќи дека неговата земја „топло ќе ја пречека“ Финска во НАТО бидејќи потегот ќе ја зајакне алијансата и „заедничката безбедност“.

„Данска ќе направи се за брз процес на прием по официјалното пријавување“, напиша тој во постот на социјалната мрежа Твитер.

Се очекува Финска и Шведска да имаат немаа проблеми при интегрирањето во алијансата. И дваете земји се во програмата на НАТО Партнерство за мир (ПзМ) од 1994 година, а нејзините партнери за зголемени можности (ЕОП) станаа 20 години подоцна. Двете структури обезбедуваат понепречена соработка со НАТО за земјите кои не се дел од алијансата.

Процесот на ратификација на членството вообичаено трае околу една година, бидејќи националните парламенти на сите 30 членки на НАТО мора да дебатираат и гласаат за ова прашање, често откако прво ќе расправаат во комисијата.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

„Челичниот брат“ Ши во Србија

„Челичниот брат“ Ши во Србија

Претседателот Ши Џинпинг пристигнува во Белград на симболичен датум. Во Србија кинеските компании имаат бројни …