ФИТР ќе го објави Јавниот повик за дигитализација на услугите во локалната самоуправа

ФИТР ќе го објави Јавниот повик за дигитализација на услугите во локалната самоуправа

Фонд за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите нации) денеска на прес-конференција ќе го објават Јавниот повик за дигитализација на услугите во локалната самоуправа.

Од ФИТР информираат дека целта на јавниот повик е да се изберат решенија односно дигитални алатки кои ке бидат имплементирани во пет пилот општини (Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово) и ќе бидат на располагање на општините и нивните граѓани. На презентацијата ќе присуствуваат и градоначалниците од избраните општини.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој и Нарине Сахакиан, постојан претставник на Програмата за равој на Обединетите Нации.

Извор:ФРОНТЛИНЕ

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …