„Физичка активност и дијабетес“, едукативно предавање на Здружението на лица со дијабетес

„Физичка активност и дијабетес“, едукативно предавање на Здружението на лица со дијабетес

Здружението на лица со дијабетес „Сина Револуција“ од Прилеп, во соработка со БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија и во координација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, синоќа организираше предавање на тема „Физичка активност и дијабетес“.

На предавањето беше акцентирана важноста од правилната физичка активност, како и самоконтролата при нејзиното спроведување и влијанието врз нивото на крвниот шеќер.

Исто така, на предавањето се разговараше за потребата од физичка активност на лицата со дијабетес, која претставува основен предуслов за успешно справување со секојдневните предизвици на дијабетесот и овозможува нормален начин на живеење.

За потребите на предавањето беше издаден и мал практичен водич за лица и деца со дијабетес мелитус тип 1 и 2, при практикување на физичка активност.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …