Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите.

„Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март до 31 мај 2023 година“, рече Ковачевски.

Тој повтори дека Владата ќе продолжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …