На 21 јуни годинава, Скопје ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката, каде преку 10 часовен музички маратон ќе се емитуваат онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.

Наш претставник ќе биде составот на музичката група „Фолтин“.

„Фолтин“ е една од најпознатите музички групи во Северна Македонија. Овој состав работеше на музиката за неколку театарски претстави и македонски филмови, меѓу кои „Медена земја“, „Исцелител“ и „Со љубов“.

Овој меѓународен музички фестивал го поддржуваат Градот Скопје и МКЦ. Главен организатор е Атина, а со настани и поддршка се вклучуваат Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.

Извор:МЕТА