Фон дер Лајен

Фон дер Лајен до крајот на месецов ќе ја посети земјава

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до крајот на месецот ќе ја посети земјава, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Посетата на Фон дер Лајен е во контекст на уставните измени, како и на заедничкиот прогрес на Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ.

„Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба, и тоа јавна, за тоа во некоја прилика да ја посети земјава“, рече Ковачевски, кој беше во посета нa компанијата „Вивакс“.

Одговарајќи на новинарско прашање пак за ставот на Франција во однос на Унијата, Ковачевски рече дека во овој геополитички момент во Европа, Франција е за проширување на Унијата.

„Ако погледнете во однос на поддршката која ја дава Франција тогаш да не заборавиме дека нашиот предлог за преговарачка рамка е изработен во рамки на француското претседателство по цели 17 години чекање. Така што, ако зборуваме за курсот на Франција за проширувањето, тогаш од сите изјави на претседателот Макрон и од сите министри кои ја посетија Северна Македонија, се работи за држава која е за проширување во овој геополитички момент во Европа“, истакна премиерот Ковачевски.

Според Ковачевски, процесот на проширување на Унијата веќе е отпочнат, а како поткрепа на ова тврдење тој потсети на пораките кои се испратија од Самитот на Берлинскиот процес во Тирана.

Во земјава пак, и натаму се очекува расплет околу уставните измени, бидејќи допрва треба да се види дали тие ќе поминат во Собранието, што пак е услов во преговарачката рамка за влез на земјава во Европската Унија.

Прочитајте повеќе

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

На видеа на ТикТок, има деца кои намерно не го прифаќаат ученикот кој скока врз …