Формула 1: Со трката во Бахреин, во недела стартува „најбрзиот циркус на светот“

Формула 1: Со трката во Бахреин, во недела стартува „најбрзиот циркус на светот“

Со трката за Големата награда на Бахреин, во недела започнува новата 74 сезона на Формула 1.

Главен фаворит за титулата е двојниот светски првак Макс Верстапен од Ред Бул, на кој друштво во австрискиот тим ќе му прави Серхио Перес.

Главни конкуренти на овој двоец ќе му бидат возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинз, како и на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Најголема промена во „најбрзиот циркус“ на светот е пензионирањето на четирикратниот светски првак Себастијан Фетел, кого во Астон Мартин ќе го замени Фернандо Алонсо.

На местото на Алонсо во тимот на Алпина доаѓа Пјер Гасли, кој ќе му се придружи на сонародникот Естебан Оконо, додека тимот на Мекларен ќе го сочинуваат Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Во годинешниот шампионат ќе се возат рекордни 23 трки, а удвоен е и бројот на спринт натпревари. И понатаму во саботните спринт натпревари бодови ќе добиваат осуммината најдобри возачи, а овој формат ќе биде запазен во трките во Азербејџан (29 април), Австрија (1 јули), Белгија (29 јули), Катар (7 октомври), Остин (21 октомври) и Бразил (4 ноември).

Спринт трките ќе ги одредуваат стартните позиции за главната неделна трка, а пол-позицијата ќе ја забележи најбрзиот во квалификациите кои ќе се одржуваат во петок, пред спринтот.

Квалификациите за првата годинешна трка ќе се одржат во сабота во 16 часот, а трката за Големата награда на Бахреин во недела, 5 март, во истиот термин.

Прочитајте повеќе

медицина лекар

Влада: Веднаш после изборите ќе се подготват законски решенија за уредување на правата и одговорностите на специјализантите по медицина

На вчерашната 15-та седница, Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со …