Фосилите од Стамер на изложба во Делчево

Фосилите од Стамер на изложба во Делчево

Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на повеќегодишните истражувања на палеонтолози и експерти од Природонаучен музеј на Македонија  и Природонаучниот музеј во Софија на палеонтолошките гробници на пикерминска фауна лоцирани во Долни Дисан-Неготино и Стамер-Ѕвегор-Делчевско.

 Како што истакна м-р Билјана Гаревска од Природонаучниот музеј Скопје, изложбата е воспитно-образовна и ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со една ретка фосилна мега фауна карактеристична за Балканот.

зложбата се состои од фосилен материјал од 5 различни видови фосилни слонови кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и др. кои се членови на така наречената пикермиска фауна. Односно, запознавање на посетителите со една интересна група на фосилни цицачи стари 8 милиони години, рече Гаревска.

На изложбата ќе бидат изложени и минерали од Делчевско, а ќе биде збогатена со теренски црно – бели документарни фотографии од авторот Александар Гаревски.

Изложбата е посветена на проф. д-р Ристо Гаревски најпознатиот македонски палеонтолог чиј потпис стои и на откритието на палеонтолошката гробница кај Стамер, како и најзначајното откритие во Стамер, фосилот од череп на жирафа.

Во Делчево изложбата ќе биде отворена на 11 декември со почеток во 13 ч. во фоајето на Спомен-домот АСНОМ. Со оваа тематска изложба, Општина Делчево ја отвора новогодишната програма во која се предвидени и новогодишни концерти и театарски претстави.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …