Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември – датум што претставуваше и краен рок за нивното доставување.

– Во моментов се врши евалуација на пристигнатите понуди согласно законските процедури. Во овој момент не може да се прецизира кога точно ќе започнат градежните работи на терен, но индикативно може да се очекува тоа да биде пролетта 2020 година – велат од ЈП за државни патишта.

Очекувањата се овој пат тендерот да биде успешно завршен, да се избере најповолен понудувач и изведувачот да се воведе во работа на изградба на првите два километра од автопатот Скопје – Блаце. Целокупната траса на оваа делница изнесува 12,5 километри. За втората етапа од реализацијата на автопатот се планира тендерот за избор на изведувач да се распише во периодот април – јуни 2020 година.

ЈП за државни патишта во октомври годинава го поништи првичниот тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Образложението на ова претпријатие беше дека на тендерот била доставена само една понуда, чија цена за изведба на двата километра го надминала буџетот предвиден за реализација на проектот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …