Украина бегалци

Фотографија на денот: Еден милион луѓе веќе избегале од Украина

Овие луѓе го чекаат наредниот воз за евакуација на главната железничка станица во Киев, на осмиот ден од руската инвазија врз Украина. Еден милион нивни сограѓани веќе избегале од земјата, соопшти шефот на УНХЦР.

Еден милион луѓе избегаа од Украина во соседните земји од почетокот на рускиот напад врз таа земја пред една недела, соопшти високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„За само седум дена бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседните земји“, напиша шефот на УНХЦР на својот Твитер профил.

Гранди исто така рече дека за уште милиони луѓе, внатре во Украина, време е оружјето да замолкне за да може да пристигне хуманитарна помош и да спаси животи. И во Германија престигнуваат сѐ повеќе воени бегалци од Украина. Германското министерство за внатрешни работи, во меѓувреме, има регистрирано 5000 бегалци од Украина.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …