Ковачевски

Ковачевски – фон дер Лајен: Брисел силно го поддржува дијалогот Скопје – Софија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија вчера оствари телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК фон дер Лајен, на премиерот Ковачевски му изрази благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија, за кои истакна дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Воедно, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен искажа честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повтори дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.

И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се наметна како приоритет, премиерот Ковачевски информираше дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …