Фотографија на денот: Трета доза од вакцината на Бионтек и Фајзер?

Фотографија на денот: Трета доза од вакцината на Бионтек и Фајзер?

„Од податоците кои ги собра израелскиот Министерство за здравство и практиката стана јасно дека опаѓа заштитата што ја дава вакцината од инфекции и симптоматски заболувања шест месеци по втората доза“, соопштија производителите. Врз основа на податоците со кои се располага досега веројатно е „дека ќе биде потребна трета доза по шест до дванаесет месеци по целосното вакцинирање“, се вели во соопштението.

Бионтек и Фајзер „во наредните недели“ ќе ги поднесат податоците до Американската агенција за лекови ФДА и Европската агенција за лекови ЕМА, како и до други надлежни тела.

Непосредно по соопштението на Фајзер и Бионтек, американските медиуми го пренесоа соопштението од ФДА и американскиот центар за контрола и превенција на болести ЦДЦ дека на Американците кои се целосно вакцинирани во моментов не им е потребна трета доза, но доколку научните сознанија покажат дека таа е неопходна, тогаш тие се подготвени за тоа. Како што се вели, овој проблем се истражува, но американските здравствени власти притоа не се потпираат само на податоци од фармацевтските компании.

Извор; DW

Прочитајте повеќе

Увоз на гас во ЕУ: Се заканува ли зависност од САД?

Увоз на гас во ЕУ: Се заканува ли зависност од САД?

Пред едвај пет години, повеќе од половина од гасот што се троши во Европа доаѓаше …