Генчовска, Николов, Василев, Караџов – лавина оставки во бугарската влада

Четворица министри го напуштаат кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков во клучен момент кога земјата треба да донесе одлука за европската интеграција на Западен Балкан.

Четворица министри го напуштаат кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков во клучен момент кога земјата треба да донесе одлука за европската интеграција на Западен Балкан. Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска денеска (13.06) поднесе оставка до бугарскиот премиер, откако претходно тројца министри од партијата Има таков народ (ИТН) се повлекоа од функциите.

„Причината за оставката е поврзана со одлуката на партијата „Има таков народ“ да ги повлече своите министри од Владата“, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Освен Генчовска, од владата заминуваат министерот за регионален развој Гроздан Караџов, министерот за спорт Радостин Василев и министерот за енергетика Александар Николов.

-повеќе на темата: Влез во нова спирала на неизвесност со Бугарија

„Причините за неговото повлекување се чисто политички. Тие се поврзани со одлуката на партијата „Има таков народ“ да ја напушти Владата“, се вели во соопштението од кабинетот на Николов. Тој и неговите колеги ќе продолжат да ги извршуваат уставните функции до изборот на нивните наследници.

Бранот оставки следи откако лидерот на ИТН Слави Трифонов минатата недела објави дека ја напуштавладејачката коалиција. Трифонов  за радио „Дарик“ обвини дека се води двојна политика за прашањето за Северна Македонија. Во растечкиот конфликт околу приемот на Северна Македонија во ЕУ, Трифонов го обвини премиерот Кирил Петков за заобиколување на министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, со сопствени иницијативи. Петков самоиницијативно ѝ навестил на ЕУ кревање на бугарското вето, што за Трифонов е „национално предавство“.

Бугарскиот премиер, пак, најави дека ќе прави малцинска влада наместо „да биде уценуван“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали Земјотрес со …