Софија Бугарија

ГЕРБ за мандатар за новата влада на Бугарија го предложи неврохирургот Габровски

Партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов реши за мандатар за формирање на нова политичка влада на Бугарија да го предложи неврохирургот проф. д-р Николај Габровски, за кој сметаат дека е политички неутрален кандидат, известува бугарскот онлајн-медиум mediapool.bg.

Претседателот на Бугарија Румен Радев претпладнево му го врачи мандатот и Габровски има седум дена за да излезе со целосна листа за новата влада, односно имињата на министрите.

Првото врачување на мандат уследува после долги повеќеседмични очекувања што ќе се случи, по последните парламентарни избори во Бугарија на кои најголемите политички блокови беа со отприлика изедначени бројки, но никој нема јасно мнозинство или силна владина коалиција. Поради тоа, доделувањето на мандатот се развлечка.

Габровски објасни дека ќе се потпре главно на експерти и за тоа ќе разговара со сите партии, пишува mediapool.bg. Со тоа, макар што е и формална, номинацијата на неврохирурог Габровски не ги зголемува шансите за влада со печат на партијата ГЕРБ, коментира бугарскиот онлајн медиум.

Од Продолжуваме со промената на претходниот политички премиер Кирил Петков, потоа Демократска Бугарија, која исто така беше дел од претходната политичка влада, како и од Бугарската социјалистичка партија, веќе претходно рекоа дека нема да поддржат влада формирана според првиот доделен мандат на ГЕРБ, која пак, според бројноста и политичките сојузи што ги има, во моментов е најсилниот политички фактор.

Исто и од „В’зраждане“ (Препород), која ги истисна сите други националистички партии, велат дека би поддржале само нивна влада.

„Тоа во практиката значи дека првиот мандат нема шанси да собере поддршка од 121 глас (праеник). Но покрај тоа, теоретски имаш две варијанти за владата на ГЕРБ да биде изгласана во парламентот. Едниот е БСП да не гласа, а вториот – да биде донесена одлука гласањето да биде тајно“, коментира mediapool.bg.

Со Бугарија сега раководи техничка влада назначена од бугарскиот претседател Радев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ана Брнабиќ повеќе нема да биде премиерка, туку кандидат за претседателка на српското собрание

Ова сега е сосема друга работа и почнувам да учам уште од вечерва, изјави Брнабиќ …