Аналена Бербок

Германија бара од Бугарија да го тргне ветото за Северна Македонија

Наша обврска во првата половина од годинава е да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во понеделникот.

Таа информираше дека на оваа тема имала билатерална средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, на која двете соговорнички се согласиле дека е важно да се направи исчекор во процесот на проширувањето на Унијата.

„Имав билатерална средба со бугарската министерка за надворешни работи на која се согласивме дека е многу важно во актуелната ситуација да го започнеме процесот на проширување за двете земји и се надевам дека Бугарија ќе ги расчисти точките кои се уште се спорни“, рече Бербок.

Од бугарското МНР досега нема реакција на изјавата на Бербок, ниту потврда за согласноста да започнат пристапните преговори со Северна Македонија.

Бербок предупреди дека процесот на проширување на ЕУ е многу важен и од аспект на актуелната војна во Украина.
„Русија не води војна само против Украина, туку води војна и за поделби во Европа. Затоа е многу важно да престанеме да ги разочаруваме земјите кои долго ја гледаат својата иднина во ЕУ, и да ги исполниме нашите ветувања. Тоа се пред сѐ Албанија и Северна Македонија, и наша обврска е во првата половина од годинава конечно да ги започнеме преговорите со двете земји“, рече Бербок.

Таа отворено и порача на Србија дека доколку сака да стане членка на ЕУ, мора да се приклучи на санкциите на Брисел кон Русија.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Архивата е преполна со предмети, а реновираните простории имаат поглед кон цело Скопје, како симболично …