Германското МНР предупредува поради заканите со бомби

Германското МНР предупредува поради заканите со бомби

Министерството за надворешни работи во Берлин ги предупредува германските граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби.

Германското Министерство за надворешни работи бара будност од германските граѓани при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби.

„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми“, се вели во информацијата на германското МНР.

Од Берлин се посочува дека досега сѐ е „останато на закани“ и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи, како и да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.

За дојавите за бомби информиран НАТО

Повеќе објекти во Северна Македонија и вчера (16.12) беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите.

Заканите со бомби не стивнуваат, МВР работи на случајот
Заканите со бомби не стивнуваат, МВР работи на случајот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека за да се работи на случајот со дојавите за бомби и дека е формиран посебен штаб во МВР:

„Очекувам да се свика и Советот за координација, на кој што ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Агенцијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи, ако дојавите се најава за тероризам, тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата“, потенцираше Спасовски.

Тој рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот и порача дека е важна присебноста и брзата реакција:

„Целта е таа, да се поттикне страв, несигурност, паника, да се трошат институциите, да се уриваат политичките власти во државата, меѓутоа ние на тоа успешно се спротивставуваме и ќе се спротивставуваме, затоа што нашиот пат и нашата идина ја бираат нашите граѓани. Не може никој од надвор да ни наметнува дали ние ќе бидеме дел од НАТО и дали ќе одиме по европскиот пат. Секако дека ова е предизвик, да се надеваме дека ќе дојде до решение на целиот процес“, вели Спасовски.

Според премиерот Димитар Ковачевски, интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во државата, но и во други земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …