Големо невреме ја погоди Словенија, поплавите предизвикаа материјална штета

Големо невреме ја погоди Словенија, поплавите предизвикаа материјална штета

Владата на Република Словенија на денешната седница обезбедила 1,1 милиони евра помош за погодените од невремето

Стотина противпожарни интервенции имало во Словенија од синоќа поради големите поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, пренесува Н1.

Три кампови се евакуирани, а неколку села се отсечени. Поплавите ги зафатија Горењска, Корушка и Згорњесавинската котлина. Државниот хидрометеоролошки завод за денеска го вклучи портокаловиот аларм и за пет хрватски региони. Можен е прекин на електричната енергија, прекин на комуникациската мрежа, како и недостиг од вода за пиење.

Заради ситуацијата во соседните земји, се очекува значително да порасне водостојот во реките Мура, Сава и Драва, а водата во нив денеска може да достигне многу виски водостои и во Хрватска. Со оглед на тоа дека од Словенија Сава доаѓа со зголемен проток на вода, постои можност за отворање на басенот Превлака, за да вишокот вода се пренасочи низ Лоњско поле и на тој начин да ја растовари реката Сава.

Во меѓувреме, Владата на Република Словенија на својот профил на Фејсбук објави дека обезбедила 1,1 милиони евра помош за погодените од невремето на денешната седница.

„Во многу области има големи штети. Бројни домаќинства низ Словенија претрпеа сериозни оштетувања на објекти. Поради тоа обезбедени се 1,1 милиони евра за кофинансирање на купување на основни средства и изведување на основни работи за обнова на објекти. Има и три хуманитарни организации кои ќе доделуваат помош“, информираат во Владата.

Прочитајте повеќе

Ниш

Бомба во Ниш тешка еден тон од 1999 година отстранета од градилиште

Биле евакуирани 1.300 граѓани, на кои сега им е дозволено повторно да се вратат во …