СДСМ: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

СДСМ: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Прес-конференција на Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Почитувани граѓани,

ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата.

Последен доказ за тоа е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите.

Станува збор за проект од 2015 година вреден 660.000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков, а премиер на таа Влада преводена од ДПМНЕ е Никола Груевски.

Во таа Влада советник за енергетика бил сегашниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ДПМНЕ и поединци од таа партија, освен што краделе од граѓаните, правеле проневери и со пари од европски фондови.

Почитувани,

Актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства.

Апелираме Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени.

Овој случај на криминал освен што го има оштетено државниот Буџет, фрла дамка и врз репутацијата на нашата држава, која последниве години е лидер во регионот во искористеност на средствата од ИПАРД Програмите.

Одговорност за секој криминал, мора да има.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …