Голоб: Словенија се соочи со најголемата природна катастрофа во својата историја

Голоб: Словенија се соочи со најголемата природна катастрофа во својата историја

И покрај поплавите не е загрозена безбедноста на нуклеарната централа Кршко

Словенија се соочи со „најголемата природна катастрофа“ во својата историја, рече во саботата премиерот Роберт Голоб, откако разорните поплави предизвикаа штета проценета на 500 милиони евра (550 милиони долари), загинаа три лица и уништија патишта, мостови и куќи, пренесе Ал Џазира на англиски јазик. 

Зборувајќи по состанокот на Советот за национална безбедност на земјата во саботата, Голоб рече: „За среќа, минатата ноќ беше полесна од претходната“, додавајќи дека две третини од територијата на малата алпска земја биле погодени.

 

Поплавите беа предизвикани од поројните дождови во петокот, кои предизвикаа брзо надојување на реките и навлегување во куќи, полиња и градови. Словенечката метеоролошка служба соопшти дека за помалку од еден ден паднал дожд кој е еквивалент на еден месец.

Експертите велат дека екстремните временски услови делумно се поттикнати од климатските промени. Делови од Европа забележаа рекордна топлина и се бореа со шумски пожари во текот на летото.

Голоб рече дека патната и енергетската инфраструктура биле особено тешко погодени, како и стотици домови и други згради. Илјадници луѓе беа принудени да ги евакуираат своите домови, а многумина мораа да бидат спасени со хеликоптери или пожарникари во чамци.

Словенечката армија се приклучи на напорите за помош, при што војниците стигнаа до отсечените области на север за да помогнат. И покрај поплавите не е загрозена безбедноста на нуклеарната централа Кршко.

Прочитајте повеќе

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во …