Фекалии

Градоначалничката Арсовска го разреши директорот на Водовод, Златко Перински и секретарот Ѓоко Велковски поради Пречистителната станица

Раководството од Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“. Во прашање  е тендерот вреден 136 милиони евра за големата пречистителна станица за Скопје, за што „Мета“ пишуваше неколку пати во изминативе две и пол години. Од истата причина, разрешен е и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски.

„Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година“, појаснија од Град Скопје.

Заедно сo Перински, во петокот е разрешен и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски со образложение дека имал влијание во спорната тендерска постапка.

Кон крајот на јуни годинава, по низата најави за почеток на градежните работи на овој објект во близина на селото Трубарево, којшто треба да го реши проблемот со третманот на отпадните води што непрекинато се вливаат во реката Вардар од над 500.000 жители на главниот град и кои датираат уште од 2019 година, за Мета.мк од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје изјавија дека во тек е техничката и финансиската евалуциона постапка на понудите пристигнати на тендерот, при што за оваа постапка се предвидува временски период од 3 до 6 месеци и истата е сè уште во тек.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …