Почеток на последното патување на кралицата Елизабета Втора

Почеток на последното патување на кралицата Елизабета Втора

Илјадници Шкоти, стоејќи на рабовите на улиците ѝ оддадоа последна почит на Кралицата, чие тело е пренесено во Единбург.

Денеска ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора со посебна процесија ќе биде пренесен во катедралата Сент Гил, каде кралот Чарл Трети, неговата сопруга, кралицата Камила и други членови на кралското семејство ќе присуствуваат на богослужба – благодарница за Кралицата. Во продолжение, илјадници Шкоти ќе можат да се простат од Кралицата, која почина во четвртокот (08.09.2022) во својата шкотска резиденција, Балморал.

Утре ќе следи „последното големо патување“ на неговата мајка, како што изјави кралот Чарлс – кон Лондон, каде на 19 семтември е планиран државен погреб.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …