булевар „Гоце Делчев“

Градоначалникот Јованоски и премиерот Заев го ставија во функција реконструираниот булевар „Гоце Делчев“

На денот кога Прилеп го слави патронот на градот, Свети Никола, градоначалникот Илија Јованоски и премиерот Зоран Заев во функција го ставија реконструираниот булевар „Гоце Делчев“, како и дел од улицата „Прилепски бранители“.

„Како прилепчанец, се гордеам на изградбата на овој современ булевар чија вредност изнесува 62 милиони денари, булевар со каков може ретко која друга општина да се пофали. Покрај надземната, направена е и подземна инфраструктура, со комплетна реконструкција на примарната и секундарната мрежа на овој дел од булеварот. Поставено е ново улично осветлување, изградени се 4 коловозни ленти, велосипедски патеки, широки тротоари со гранитни плочи и тактилни траки за лицата со оштетен вид. Овој булевар ќе остане и за генерациите кои доаѓаат“, изјави градоначалникот Јованоски.

Тој потсети дека годинава беа реализирани уште два капитални проекта: новиот мост на градската река, како и реновираниот фудбалски стадион „Гоце Делчев“.

„За следната година исто така имаме три големи капитални проекти кои се од големо значење за нашиот град. Тоа се реконструкцијата на Старата чаршија, новата детска градинка и изградбата на затворениот базен. На овој начин им излегуваме во пресрет на граѓаните, бидејќи сите проекти ги работиме во консултација со нив. На крајот, на сите граѓани им го честитам празникот ‘Свети Никола’ и им посакувам пред се’ добро здравје. Да ги почитуваме мерките и протоколите кои ги донесоа Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата. Да носиме заштитни маски, да одржуваме дистанца и да не се групираме. Само така ќе успееме да ја победиме пандемијата“, нагласи градоначалникот Јованоски.

Честитајќи им го празникот „Свети Никола“, во своето обраќање премиерот Зоран Заев истакна дека отстапката од традиционалното одбележување на светиниколскиот ручек во центарот на градот, е личен придонес на граѓаните на Прилеп кон зачувување на нивното здравје и спречување на дополнителното ширење на вирусот.

„Со желбите за здравје ви посакувам во иднина уште многу и многу години да го чествувате Свети Никола, во здравје и радости. Сепак, може да се каже дека оваа година на еден друг начин го одбележувате овој ваш голем празник – со работни успеси, во интерес на граѓаните на општината. И во време на пандемија не запре градежната офанзива во Прилеп и како резултат на тоа денеска официјално го пуштаме во употреба булеварот ‘Гоце Делчев’, како најмодерна сообраќајница со нов лик. Убеден сум дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање. Владата на Република Северна Македонија секогаш ќе биде посветена на унапредување на работата на локалната самоуправа, во инвестирање во проекти од инфраструктурата во општините низ целата држава“, потенцираше премиерот Заев.

Покрај ставањето во функција на булеварот „Гоце Делчев“, по повод 99-годишнината од раѓањето на кодификаторот на македонскиот јазик, академик Блаже Конески, градоначалникот Јованоски и премиерот Заев ја посетија неговата родна куќа во с.Небрегово.

Прочитајте повеќе

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Таа напиша дека „пари од нечесник не сака“ и поради тоа се откажува од паричниот …