Градоначалникот на Делчево ја донираше априлската плата за хумани цели

Градоначалникот на Делчево ја донираше априлската плата за хумани цели

Побогата празнична трпеза за 40 христијански и муслимански семејства обезбеди градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој ја донираше априлската плата за хумани цели. Во пресрет на велигденските и рамазанските празници,  по 20 прехранбни пакети за семејства кои живеат во социјален ризик беа дистрибуирани до градската црква „Света Богородица“ и до Џамискиот одбор од градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı “, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена.

Целта на хуманитарната мисија  на Трајковски е да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават големите празници и да се покаже со дела дека никој во општината не е заборавен.

Инаку, ова не е прва хуманитарна акција на Трајковски. Претходните години тој на четири многудетни семејства од  Разловци, Тработивиште, Вирче и Илиово, како и на семејство чија куќа изгоре во пожар во селото Русиново, донираше мебел за подобрување на условите на живот на овие семејства.

Прочитајте повеќе

Температура Топломет

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 67,9 отсто

Трансмисијата на бактерии и вируси е лесна, брза и едноставна во затворени простории, а периодов …