Грчката влада воведува нови мерки за невакцинираните

Грчката влада воведува нови мерки за невакцинираните

Грчката влада, соочена со скок на бројот на заразени со коронавирус, објави дека ќе воведе задолжителен негативен ПЦР или антиген тест за коронавирус за невакцинирани лица во административни простории, продавници или банки. Мерката стапува на сила в сабота. Вработените во приватниот и јавниот сектор кои не се вакцинирани ќе треба два пати неделно да покажуваат негативен тест за ковид-19, кој треба сами да го платат. Казните за продавниците и рестораните кои не ги почитуваат владините мерки се двојно зголемени на 5.000 евра.

Фокусот да се стави на невакцинираните, а не на трета доза

„Нашето главно оружје против пандемијата е вакцината“, изјави министерот за здравство Танос Плеврис. Министерот предложи и сите лица кои ја примиле втората доза од вакцината пред повеќе од шест месеци да се вакцинираат со трета доза. Досега, според Министерството, вакцинирани се 63 отсто од популацијата. Грција вчера заабележа 6.700 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорд од почетокот на пандемијата, а починаа 59 лица.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …