Грижата за своите вработени „Витаминка“ ја покажа преку одржаното предавање „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“

Грижата за своите вработени „Витаминка“ ја покажа преку одржаното предавање „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“

Во организација на Прехранбената индустрија „Витаминка“ и Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, денеска во Прилеп се одржа предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“.

За опасностите по машкото здравје од различни аспекти, пред вработените на прилепската компанија „Витаминка“ говореа Петра Лукароска, претседателка на Здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, д-р Љубица Илиеска доктор по општа пракса од ПЗУ „Алфамед“, д-р Златко Савоски, специјалист интернист и д-р Влатко Кузманоски, специјалист уролог.

Поттикнато од недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и придобивките на превентивното делување.

Истовремено, со покажаната иницијатива за организација на предавањето, менаџментот на ПИ „Витаминка“ покажа дека води грижа за здравјето на своите вработени, пример кој треба да го следат и останатите стопански субјекти.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …