Грковска-ИРИ: Зајакнување на доброто владеење е заедничка заложба

Грковска-ИРИ: Зајакнување на доброто владеење е заедничка заложба

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со делегација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), предводена од Олин Ветингтон, член на Управниот одбор, со кого разговараше за повеќе актуелни теми, како и за поддршката на Институтот во спроведувањето на реформите за развој на демократијата во општеството.

На средбата беше изразено задоволство од досегашната соработка и беше разговарано за споделување искуства на најдобрите европски и американски практики особено во сферата на политиките за поголема ефикасност и транспарентност на државните институции, креирање на антикорупциските политики и дигиталната трансформација, при што беше изразена благодарност за поддршката на ИРИ во изготвувањето на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Соговорниците разменија мислења и за системските мерки и решенија во делот на законската рамка за конфискација и потекло на имот, проверка на интегритет, контрола на имотот и други прашања кои се во интерес на динамизирање и зајакнување на антикорупциските политики и пракси.

Вицепремиерката Грковска и претставниците на ИРИ договорија продолжување и унапредување на соработката согласувајќи се дека програми и проектите на Меѓународниот републикански институт помагаат во зајакнување на доброто владеење во земјата, промовирање на транспарентноста и јавната одговорност.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …