Форум 3 грковска

Грковска се обрати на панел на Трансатлантската мрежа на лидери: Западен Балкан е во срцето на Европа и тоа го прави клучен за стабилноста

„За Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата партнерството со САД, како и зачувувањето на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан е од врвен приоритет. Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното обраќање во Вашингтон, на панелот „Како да се спротивставиме на руското и кинеското влијание на Западен Балкан“, во организација на меѓународната независна Трансатлантската мрежа на лидери, со што и ја заврши работната недела во САД.

Таа нагласи дека е неопходна силна определба и упорност, независно од тоа што и Северна Македонија, како и останатите земји од регионот е изложена на руско влијание.

„Не смееме да дозволиме политички предизвици да станат безбедносни проблеми“ порача вицепремиерката Грковска, и дополни дека со се подолгото одложување на отпочнувањето на пристапните преговори граѓаните губат доверба во политиките кои се во насока на исполнување на нашата најважна стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ. Следствено, со тоа и расте влијанието од Русија и Кина како резултат на зголемената недоверба на граѓаните.

За да се намали и спречи ваквото влијание, додаде вицепремиерката Грковска, важно е државите да ги негуваат демократските вредности, да го промовираат и унапредуваат владеењето на правото, еднаквоста пред законите, како и доследно да ги имплементираат принципите на доброто владеење. За крај, вицепремиерката порача дека силна економија во ЕУ значи стабилен регион. А тоа не можеме да го постигнеме без поддршката од САД.

Прочитајте повеќе

Наместо „Северна“ и „Македонија“, Сиљановска Давкова сега употребува „нашата држава“ и „нашата земја“

Наместо „Северна“ и „Македонија“, Сиљановска Давкова сега употребува „нашата држава“ и „нашата земја“

Четири пати во денешното соопштение од претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска Давкова по повод посетата …