Грковска за „Макфакс“: Ја споделувам загриженоста за тоа како во изминатите неколку месеци се (зло)употребуваше институтот „спогодување за вина“

Грковска за „Макфакс“: Ја споделувам загриженоста за тоа како во изминатите неколку месеци се (зло)употребуваше институтот „спогодување за вина“

Во целиот синџир на институции кои се одговорни во борбата против организираниот криминал и корупција, ние треба да водиме сметка сите институции да бидат јаки и одговорно да си ја вршат работата. Една слаба алка може да го наруши тој систем. Ако, на пример, постапката нема сериозна завршница во судството, тогаш целиот систем пропаѓа во вода. И тогаш се зголемува недовербата кај граѓаните, изјави заменичката на  претседателот на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење Славица Грковска во интервју за „Макфакс“.

Во интервјуто Грковска се осврна на активностите на Кабинетот поврзани со зголемување на свесноста и отворање на прашањето во јавноста за институтот спогодување за вина, кој повеќе години постои во нашиот правен систем, но последниов период предизвика сериозно внимание во јавноста.

„Ги следев реакциите во јавноста и ја споделувам загриженоста за тоа како во изминатите неколку месеци се (зло)употребуваше институтот спогодување за вина. Без оглед за кого станува збор законите треба да важат за сите подеднакво. Не можам да прифатам независноста на институциите да биде параван за самоволие. Независноста на институциите би требало да биде уште поголем товар за одговорност. А посебно кога станува збор за вакви чувствителни институции “, потенцира Грковска.

Грковска истакна дека правосудните органи и судството се меѓу првите три што од страна на граѓаните се препознаени како институции во кои тие немаат доверба и за кои се смета дека има голема корупција. Ги охрабри поединците во институциите да бидат погласни против корупцијата и злоупотребите.

Прочитајте повеќе

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

На видеа на ТикТок, има деца кои намерно не го прифаќаат ученикот кој скока врз …