Груевски

Груевски ниту денеска не се појави на собраниската комисија за уставни прашања

Осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, ниту денеска не се појави на собраниската комисија за уставни прашања на која се расправа за четвртиот нацрт амандман поднесен од Владата. Груевски во средата, го одложи рочиштето за предметот „Титаник“, за да присуствува на расправата во Собранието.

Утре е закажано ново рочиште за случајот за изборни измами на СЈО и е уште една шанса на судскиот доставувач да му ја достави одлуката на Кривичниот совет со која се одбива жалбата на Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна. Доколку Груевски ја прими одлуката ќе треба веднаш да се јави во затворот во Шутка на издржување на казната.

Извор: Либертас

Прочитајте повеќе

Груби: Не се чувствувам виновен за случајот Државна лотарија

Груби: Не се чувствувам виновен за случајот Државна лотарија

Поранешниот вицепремиер Артан Груби пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото …