Груевски, Ставрески, Тодоровиќ и уште 12 физички и 7 правни лица осомничени за перење пари за проектот „Скопје 2014“

Груевски, Ставрески, Тодоровиќ и уште 12 физички и 7 правни лица осомничени за перење пари за проектот „Скопје 2014“

Во истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција а која е поврзана со проектот „Скопје 2014“, осомничени се 15 физички и 7 правни лица.

Презентирајќи детали за случајот, обвинителот Љубомир Лапе рече дека „Скопје 2014“ е сложен предмет и дека истрагата се однесува само на 11 споменици, меѓу кои фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“, спомениците „Цар Самуил“ и „Никола Карев“, споменикот на АСНОМ, лавовите на мостот „Гоце Делчев“ и други.

Првоосомничен во случајот е поранешниот премиер Никола Груевски, второосомничен поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, а на листата се наоѓаат и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, поранешните градоначалници на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова како и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев.

Кривичните дела на кои се однесува истрагата, која уште не е затворена и за која била побарана правна помош од 5 држави, се злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Како пример за кривичното дело перење пари, обвинителот Љубомир Лапе го посочи примерот со изработката на еден споменик, кој тендерски во земјава бил платен 4,7 милиони евра, а во Италија, земјата во која бил изработен, на подизведувачот му биле исплатени 2,3 милиони евра.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …