Хрватска: Поради пљачка на ФК „Динамо“, браќата Мамиќ одат во затвор

Хрватска: Поради пљачка на ФК „Динамо“, браќата Мамиќ одат во затвор

Врховниот суд на Хрватска ја потврди осудителната пресуда против браќата Здравко и Зоран Мамиќ, како и против поранешниот директор на ФК „Динамо“ од Загреб, Дамир Врбановиќ.

Поранешниот претседател на ФК „Динамо“, Здравко Мамиќ, сега и правосилно е осуден на 6 и пол години затвор. Неговиот брат, доскорешниот тренер на клубот, Зоран Мамиќ, доби казна од 4 години и осум месеци, а на екс директорот на клубот Дамир Врбановиќ, потврдена му е казната од 3 години затвор.

На овој начин, после скоро три години, ставена е точка на овој случај кој ја заинтригира пошироката спортска јавност.

Веднаш после одлуката на Врховниот суд, Зоран Мамиќ поднесе оставка од тренерското место во ФК „Динамо“, додека пак ситуацијата со неговиот брат, Здравко Мамиќ, малку е покомплицирана.

Имено, кон средината на 2018 година тој избега во Босна и Херцеговина, која не сака да и’ го предаде на Хрватска со образложение дека делото за кое тој е осуден, не е одредено како казнено дело во БиХ.

Покрај затворската казна, Здравко Мамиќ ќе треба да врати и околу 7 милиони евра.

Прочитајте повеќе

Прилеп Дупки

СДСМ Прилеп: Улиците во градот изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање?

Прес-конференција на Филип Попоски, ОО СДСМ-Прилеп На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива – …