Вистиномер: Повторно се препорачува „лекување“ од ковид-19 со солена вода, лук, ѓумбир и топла пилешка супа

Вистиномер: Повторно се препорачува „лекување“ од ковид-19 со солена вода, лук, ѓумбир и топла пилешка супа

Објави во медиумите и на социјалните мрежи шират дезинформации дека коронавирусот може да се победи само со употреба на солена вода, самоизолација во посебна соба, темелно чистење на домот со 75 отстотен алкохол и перење на облеката со вода над 60 степени, како и употреба на лук, ѓумбир, кромид, топла пилешка супа… Ваквите препораки може да го загрозат здравјето на луѓето, кои лекувајќи се со надрилекарски „совети” може да го одложат медицинскиот третман или консултацијата со лекар, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, којашто подолу ја пренесуваме во целост.

Рецензиран е текст објавен на портал, кој пренесува наводно тврдење на лекар од Кина, професор Вонг Кин Чунг во Хонг Конг.

Порталот тврди дека лекарот Чунг не препорачува никаков лек против коронавирусот и дека дури ниту во болница „нема да добиете третман специјално насочен кон коронавирусот“.

Според текстот, треба „само да употребувате солена вода, самоизолација во посебна соба, темелно чистење на домот со 75 отстотен алкохол и перење на облеката со вода над 60 степени, како и употреба на лук, ѓумбир, кромид, топла пилешка супа, мали количини аспирин, конзумирање здрава храна и не се стеснувајте на мокрите во нормални количини.“

Но, дали е така?

Овие тврдења беа повремено пласирани во речиси идентични (copy/paste) текстови изминатава година (примери имате овде и овде). Ваквите тврдења на наводниот лекар беа веќе дебанкирани и од факт чекерите од Тајван (проверувачите на факти од Taiwan FactCheck Center), бидејќи текстот претходно е објавуван и на други јазици и во други земји, изложувајќи ги во опасност и граѓаните на тие држави.

Дебанкирањето потврди дека објавите во медиумите и на социјалните мрежи шират дезинформации кои може да го загрозат здравјето на луѓето, кои лекувајќи се со надрилекарски „совети” може да го одложат медицинскиот третман или консултацијата со лекар.

Тајванските проверувачи на факти елаборираа за надрилекарскиот начин во третирањето на сериозните компликации предизвикани од ковид-19:

Нема потврда дека наведените состојки можат да заштитат од ковид-19.

Тие го потврдија и лажниот статус на доктор и професор на извесниот Вонг Кин-Чунг (Wong Kin-Chung):

Вонг Кин-Чунг не може да биде потврден како професор по медицина, доктор или нутриционист.

Имено, во датабазата за медицина ПабМед, има два труда со името Вонг Кин Чунг, но ниеден не е поврзан со медицина или исхрана.

Иако ваквите тврдења низ текстови на разни портали датираат веќе од пред една година, тие сè уште повторно се (пре)објавуваат, коментираат и се споделуваат на Фејсбук.

Ако пациентот со симптоми на инфекција со ковид-19  не побара помош од медицински професионалец, самолекувањето на своја рака може само делумно и на кратко да ги „затскрие“ симптомите предизвикани од опасниот вирус. Но, но не и да пружи вистински лекарски третман и евалуација на здравствената состојба, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат …