Инциденти на арената „Тодор Проески“ - приведени девет навивачи на бугарскиот клуб Левски

Инциденти на арената „Тодор Проески“ – приведени девет навивачи на бугарскиот клуб Левски

Тензичната атмосфера пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалските екипи на домаќинот Шкупи и Левски од Бугарија во квалификацискиот наптревар за Конференциската лига на УЕФА прерасна во тепачка со полицијата на арената „Тодор Проески“.

Од МВР за Радио Слободна Европа потврдуваат дека девет лица се приведени и против нив ќе биде покрената соодветна постапка.

„Од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје“, велат од МВР.

Натпреварот помеѓу Шкупи и Левски донесе неколку инциденти во текот на денот во Скопје. Попладнево, во полицијата тројца бугарски навивачи пријавиле биле нападнати во општина Чаир, соопштуваат од МВР. Едниот од нив бил нападнат со нож и се здобил со тешки повреди, но, лицето не е во животно загрозувачка состојба.

„Во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А.. Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но, според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за Радио Слободна Европа.

Вториот натпревар од квалификациите се игра во Софија за седум дена.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …