Инспектори на МААЕ на пат за Запорожје

Инспектори на МААЕ на пат за Запорожје

Експертски тим од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е на пат за нуклеарната централа Запорожје во Украина.

„Денот дојде, мисија на МААЕ за поддршка и помош е на пат за Запорожје“, соопшти шефот на Меѓународната агецнија за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска на Твитер. Тимот експерти би требало да пристигне во најголемата атомска централа во Европа „подоцна неделава“.

Експертите треба да ги испитаат оштетувањата и безбедносните системи на нуклеарната централа. Најголемата атомска централа во Европа, која има шест реактори, од почетокот на март е под контрола на руските трупи. Во текот на изминатите недели регионот каде што се наоѓа централата беше мета на напади, за што Русија и Украина си ја префрлаат одговорноста една на друга. Поради нападите постојаносе зголемува загриженостаод евентуална нуклеарна катастрофа.

Киев првично одбиваше дозвола за мисија на МААЕ, плашејќи се дека посетата на инспекторите може да ја легитимира руската окупација на електраната на меѓународно ниво. На крајот Украина сепак даде согласност. Во петокот (26.08), украинскиот претседателВолодимир Зеленски го повика Гроси да испрати мисија што е можно поскоро со оглед на „опасната“ ситуација. Во средината на август, рускиот претседател во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, според француски информации, прифатил тимот на МААЕ да патува преку украинска територија, а не преку руска, како што првично побара Москва.

Според украински наводи, нуклеарната централа Запорожје во четвртокот за првпат во својата историја била целосно исклучена од електричната мрежа, а потоа била повторно вклучена во петокот. Украинската државна компанија „Енергоатом“ како причина за исклучувањето наведе „акции на инвазорите“.

– повеќе: Нуклеарните централи и војната во Украина – што вели меѓународното право

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа недалеку од полуостровот Крим, анектиран од Русија во 2014 година. Енергоатом се сомнева дека Русија сака да ја поврзе централата со електричната мрежа на Крим.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија не победува на сите фронтови

Русија не победува на сите фронтови

Русија до ден денес нема контрола над сета Донецка област (над Славјанск, Краматорск итн.), а …