Премиерот Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот

Премиерот Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот како Македонци и да не подлегнуваат на притисоци ако ги има. Изјавата следува откако македонската заедница обвини дека Бугарија врши асимилација на македонското малцинство, преку продажба на бугарски пасоши. Ковачевски денеска посочи дека Македонците во Албанија се веќе етаблирана заедница во земјата која има своја партија, пратеник во Парламентот и градоначалник од нивните редови.

„С. Македонија како држава е секогаш присутна меѓу македонското малцинство. На пописот во Албанија секој од нив ќе може слободно да се изрази како Македонец, а доколку постои притисок врз нив, не треба да подлегнуваат на него. Верувам дека Албанија ќе го направи пописот врз основа на сите највисоки стандарди на Европската Унија и на Евростат и дека ќе спречи било какви притисоци во поглед на било какво влијание врз било кој граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност“, рече Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека за ова прашање ќе разговара и со неговиот албански колега Еди Рама на престојниот самит на Отворен Балкан во Белград.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …