Исланд го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот на Македонија за членство во НАТО.

– Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO – напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Протоколот за членствона нашата држава во НАТО остана да го ратификуваат уште Франција, Холандија и Шпанија.

Прочитајте повеќе

МВР: Лажна е веста објавена на „Курир“ дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за …