Палеонтолошкиот локалитет Стамер прогласен за природна реткост

Палеонтолошкиот локалитет Стамер прогласен за природна реткост

Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно со Законот за заштита на природата, го прогласи палеонтолошкиот локалитет Стамер за природна реткост.

Палеонтолошкиот локалитет Стамер богат со пикерминска фосилна фауна, се наоѓа во Делчевскиот регион на оддалеченост од 5 км југоисточно од Делчево, во непосредна близина на селото Стамер, а површината на локалитетот изнесува 25.6 хектари. Согласно со Решението објавено во Службен весник, со Палеонтолошкиот локалитет Самер управува Општина Делчево и со цел да се спречи оштетување или уништување на природната реткост, Општината презема активности за чување и одржување на природната реткост, како и мерки за заштита.

Во таа смисла, Општината може да спроведува научни истражувања и мониторинг по добиена дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, врши промоција на природната реткост како туристичка дестинација, ја обележува со соодветни информативни табли, спроведува едукативни активности за потребата од зачувување на локалитетот. Спроведувањето активности и дејства во границите на природната реткост, како што се изградба на пристапни патеки и уредување на местата за одмор, се врши на начин со кој се обезбедува висок степен на заштита на биолошката и пределската разновидност во насока на обезбедување на соодветно управување со природната реткост.

Палеонтолошката гробница на пикерминска фауна е детерминирана и дел, научно истражена пред 12 години, кога научниците од Природо-научниот музеј од Скопје овде открија значајни фосили од пикерминска фауна, како уникатниот во Европа, череп од жирафа, мастодонт, фосили од антилопа, хипарион и сл, фосили стари од 10 до 3 милиони години.

Министерството за животна средина на територијата на Општина Делчево за природна реткост прогласи три локалитети за кои претходно Општина Делчево во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион), изработи три елаборати за валоризација на природната реткост: спелеолошкиот објект Киселичка пештера, Карактеристичниот геолошки профил кај Ѕвегор и Палеонтолошкиот локалитет Стамер.

Прогласувањето на овие три локалитети за природна реткост ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот која е приоритетна цел во ЛЕР на Општина Делчево. Општина Делчево планира наредниот период да изработи елаборати и да поднесе апликации за валоризација и за локалитетите: Кукуље кај с. Нов Истевник и пештерата Коњска дупка кај с. Град.     

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …