Изложба на Зоран Кардула

Изложба на македонскиот уметник Зоран Кардула во Тирана

Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција присуствуваа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на Зоран Кардула. Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички
дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност, добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката. Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула. Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.

Прочитајте повеќе

Роман на годината

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување …