Јанакиески сигурен во неговата невиност за случајот „Топлик“

Јанакиески сигурен во неговата невиност за случајот „Топлик“

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во завршниот збор за предметот „Топлик” рече дека е сигурен во неговата невиност и дека прифаќањето на вина во случајот „Титаник“ го смета за висок морален чин.

„Апсурд е тврдењето дека во 2007 година сме се организирале да напраивме дело знаејќи дека ќе настанат штети во 2013 година. Замислете, уште во 2007 сме знаеле дека правобранителството ќе постигне спогодба и ќе бидат исплатени средства во име на законска затезна камата што обвинителството го смета за штета. Да ја имав таа моќ, уште во 2007 година да предвидам се што ми се случува сега, ќе си поднесев оставка уште тогаш и никогаш немаше да се занимавам со политика“, изјави Јанакиески.

Тој посочи дека за овој предмет имал долг и опширен исказ од 12 часа за секој доказ и постапка, и замоли неговиот исказ и завршен збор да бидат земени во целост при носењето на конечната одлука.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека од изнесените докази се потврдило дека дејствијата на Јанакиески и членовите на Комисијата за јавно наддавање и нанеле штета на Буџетот на државата во висина од еден милион евра, како исплатена камата на израелската фирма „Сан сити” поради неспроврдливоста на договорот од спроведеното јавно наддавање за продажба на земјиштето за комплексот „Сончев град”.

Во случајот „Топлик“ првообвинет е Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања. Предметот, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

На 11 февруари дел од обвинетите во случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности и злоупотреби, признаа вина. Меѓу оние кои се изјаснија како виновни се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешната заменичка министерка за права Билјана Бришковска-Бошковска и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е обвинет во овој предмет, но е во бегство во Будимпешта.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

полиција

Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово

Од пожарот бил зафатен дел од фасада на зграда, како и предмети на балкони на …