Јанкуловска со лисици на рацете, од затвор донесена на судското рочиште за „Таргет-Тврдина“

Јанкуловска со лисици на рацете, од затвор донесена на судското рочиште за „Таргет-Тврдина“

Со лисици на рацете денеска поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од затворот „Идризово“, каде се наоѓа од пред два дена, беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“. Таа е веќе осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службена положба поради незаконска набавка на владиниот мерцедес во вредност од 600.000 евра.

На денешното рочиште, покрај Јанкулоска, обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и вработени во поранешната Управа кои се товарат за нелегално прислушување на повеќе од четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Покрај веќе донесената пресуда за случајот „Тенк“, против Гордана Јанкулоска СЈО има поднесено уште два предмета, за масовното прислушување, „Таргет-Тврдина“ и за изборните нерегуларности, случајот „Титаник“.

Во „Таргет-Тврдина“ на Јанкулоска ѝ се суди за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а во „Титаник“ за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењата против Јанкулоска започнаа во јануари 2018 година со предметот „Таргет-Тврдина“, па продолжија со „Тенк“ и „Титаник“. Во два од овие предмета кои ги отвори СЈО, Јанкулоска е во обвинителниот акт заедно со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …