Гори Универзална сала пожар

Јавен обвинител денеска започнува со увид на Универзалната сала која вчера изгоре во пожар

Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, информира Обвинителството

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар, информираат оттаму.

„Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај“, информира Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, во рамки на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

„Бидејќи е во тек фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување“, пишува во соопштението на Обвинителството.

Вчера пожар избувна во Универзалната сала во Скопје. Изгоре куполата која беше поставена пред точно две седмици. Откако пожарникарите го изгасија пожарот, од салата остана читава само металната конструкција.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …