Јованоски: Бараме заострување на мерките за заштита од Ковид-19, полицискиот час во општина Прилеп да започнува во 19.00 часот

„Во изминатиот месец, Прилеп е втор град во државата со најголем број на новозаразени, хоспитализирани и за жал починати лица од Ковид-19. Ситуацијата со болеста во општината, е аларманта и крајно загрижувачка“, изјави градоначалникот Илија Јованоски, после денешната онлајн средба на Општинскиот кризен штаб.

Првиот човек на општината, нагласи дека Прилеп е еден од првите градови во државата во кој е потврдено присуството на британскиот сој на коронавирусот, којшто е полесно пренослив и многу позаразен во споредба со претходниот сој на Ковид-19, додавајќи дека токму тоа е и една од причините за големиот број на новозаразени во нашата општина, како и тоа дека британскиот сој на вирусот стана доминантен општината, а во последно време меѓу заболените има се’ повеќе помлади лица.

Како дополнителни причини, заради кои заразата во Прилеп добива драматични размери, Јованоски ги наведе куќните дружби на граѓаните во поголем број, кои тешко се контролираат и се кријат од јавноста.

Пазарањето во маркетите и продавниците, гужвите на граѓани пред банките, посетите на кафулињата каде има голем број на граѓани и недоволно почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, е исто така причина за зголемениот број на заразени со Ковид-19, дополни Јованоски.

„Она што би сакал да го нагласам, е дека епидемипозите посочуваат дека од најразлични причини голем број на граѓани ги кријат контактите и не го кажуваат критичниот настан каде лично се заразиле со Ковид-19. Со тоа, свесно допринесуваат за зголемување на бројот на новозразени. За жал, има случаи каде граѓани со потврден позитивен ПСР тест се шетааат низ градот, влегуваат во аптеки, продавници, маркети итн. Тоа е чин на највисока неодговорност и заслужува секаква осуда од целата јавност. Посебно сакам да ја нагласам состојбата во Општата болница ‘Борка Талески’, каде во моментот се хопитализирани 89 лица, од кои 77 се со кислородна поддршка. Дополнително, во дневната болница се лекуваат 92 пациенти. Само во последните 24 часа, за преглед на Инфективното одделение се јавиле 105 пациенти. За жал, во последните 24 часа се починати 5 пациенти“, изјави градоначалникот Јованоски, констатирајќи дека заради сето тоа, ситуацијата во градот е повеќе од аларманта и крајно сериозна.

„Од тие причини, Општинскиот кризен штаб побарува од Главниот кризен штаб, од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести, заострување на мерките кои ќе се однесуваат на целата територија на општина Прилеп. Полицискиот час, којшто сега започнува во 22.00 часот и трае до 05.00 часот, да започнува во 19.00 и да трае до 05.00 часот наутро. Ваквата мерка, да трае во наредните две до три недели, затоа што во тој период очекуваме овој тн. трет бран на пандемијата да го достигне својот пик“, додаде градоначалникот.

Дополнително, Општинскиот кризен штаб одлучи, почнувајќи од утре, автобусите на Јавниот превоз да собраќаат до 18.00 часот и во помал број. На влезовите на пазарот да бидат поставени Ковид штандови, со што на секој граѓанин кој влегува во пазарот ќе му бидат дезинфицирани рацете и доколку не носи заштита маска, нема да му биде дозволен влез. Со асистенција на волонтери и полицијата, да бидат засилени контролите за да се спречат групирања во пазарот.

„Во рамките на Центарот за јавно здравје Прилеп, комплетно е реорганизиран просторот во микробиолошката лабораторија, а со нова опрема и кадар е оспособена молекураната лабораторија, со што може да започне со тестирања на пациенти за Ковид-19. Во крајна фаза е и тендерската постапка за набавка на реагенси, а јавноста ќе биде навремено информирана за започнувањето со тестирања“, изјави директорката на Центарот за јавно здравје Прилеп, Драгица Николоска

Новопоставената директорка на Општата болница „Борка Талески“, Кети Смилеска нагласи дека во изминатите денови, зголемен е бројот на пациенти кои имаат потреба од прегледи, болничко лекување и хоспитализација.

„Покрај постојните Ковид-центри, односно Инфективното, Интерното, Гинеколошкото и Одделенето за уво, нос и грло, во тек е и постапка за отворање на Ковид-центар во Очното одделение. Деновиве интензивно се работи и на модуларната болница. Следниот четврток ќе доведена елкетричната енергија, а во текот на викендот да биде реализиран и доводот на централен кислород“, изјави Смилеска, изразувајќи надеж дека од почетокот на следната недела модуларната болница ќе биде спремна за прием на пациенти.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …