Јованоски: Потврдени двата случаи на заразени со коронавирус во Прилеп, неопходно е одговорно однесување на секој поединец

Јованоски: Потврдени двата случаи на заразени со коронавирус во Прилеп, неопходно е одговорно однесување на секој поединец

Изјава на градоначалникот Илија Јованоски, за состојбата со коронавирусот после двата потврдени случаја на заразени во општина Прилеп

Почитувани граѓани на општина Прилеп,

За жал ги имаме и првите 2 потврдени случаи на заразени со коронавирус во нашата општина!

Денеска, и како доктор и како градоначалник, се зaинтересирав за сотојбата на  двајцата наши сограѓани и добив информација дека се во добра здравствена состојба и дека им е пружена адекватна здравствена помош.

Со ова, сакам да им дадам поддршка за побрзо оздравување, меѓутоа и да ги охрабрам сите оние кои имале и најмал контакт со потенцијални преносители, да се пријават за да можат надлежните здравствени работници побрзо да реагираат.

Тоа се наши сограѓани. Секому може да му се случи ова. Но, мораме да бидеме крајно внимателни и одговорни, и кон себе и кон другите. Меѓутоа, да не ги стигматизираме и обвинуваме, ами да ги поддржиме и охрабриме.

Сите сме заедно во борбата со ова денешно зло, наречено коронавирус!

Почитувани граѓани,

Од самиот почеток на прогласување на пандемијата со коронавирус, општина Прилеп, Општинскиот кризен штаб, јас како градоначалник, сите здравствени институции од градот, јавни претпријатија и други институции, презедовме низа мерки во правец на заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од нашата општина.

Постојано апелиравме, но апелирам и сега граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат на мерките на Владата, како и на препораките на Министерството за здравство и локалните мерки од Општинскиот кризен штаб.

Во оваа ситуација, кога веќе имаме 2 случаи со коронавирус во општина Прилеп, и кога сме соочени со можноста бројот на заразени во наредниот период да се зголемува, ја потенцирам потребата од одговорно однесување на секој поединец, на секој граѓанин од нашата општина.

Секој од нас да ја разбере сериозноста на ситуацијата и личниот придонес, кој треба да го дадеме во справување со коронавирусот.

Јованоски: Потврдени двата случаи на заразени со коронавирус во Прилеп, неопходно е одговорно однесување на секој поединец

Во таа насока, ги заостривме превентивните мерки во борбата со пандемијата.

Од денеска, ги засиливме контролите на автомобилите на сите четири влезови во градот, при што вршиме дезинфекција на секое возило.

Бидејќи, денеска во Прилеп беше пазарен ден, од раните утрински часови се вршеше контролиран влез и излез од Градскиот пазар. На влезовите беа поставени средства за лична дезинфекција, а на пазарџиите и на граѓаните им беа давани заштитни маски.

Денеска, со поголем интензитет се вршеше дезинфекција на улиците во градот. Истото ќе биде направено и во населените места во нашата општина.

Продолжува забраната за Јавниот градски превоз, а од утре Градскиот пазар ќе биде затворен!

Почитувани граѓани,

Почитувајте ги мерките за заштита и превенција. Бидете свесни за последиците од неодговорното однесување. Седете дома. Доколку имате симптоми типични за коронавирусот, најпрво јавете се кај вашиот матичен лекар.

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Од нас и од нашето однесување, зависи како ќе се развива ситуацијата со коронавирусот во нашата општина.

Благодарам

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …