ЈП за ПУП: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за клеветите, во спротивно ќе поднесеме пријави до обвинителството

ЈП за ПУП: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за клеветите, во спротивно ќе поднесеме пријави до обвинителството

Реакција на ЈП за ПУП на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:
Почитувани,
Од само ним познати причини, во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп не сакаат да го прифатат фактот дека во законска постапка, на меѓународен тендер, ЈП за ПУП набави четири нови автобуси на метан.

Со лажни вести и извртување на вистината, раководството на опозициската партија сака да манипулира со граѓаните.

Во оваа прилика уште еднаш ќе потенцираме дека во набавката на автобусите на метан не постои ништо незаконско, за што поседуваме комплетна документација, која истовремено е целосно достапна на интернет страната на Бирото за јавни набавки.

Заради сето ова, ги повикуваме сите претставници од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, кои во изминативе денови јавно ширеа клевети и невистини за набавката на новите автобуси, да излезат и јавно да се извинат за свесното манипулирање со вистината.

Во спротивно, против сите нив ЈП за ПУП ќе поднесе соодветни пријави до Јавното обвинителство.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …