Кадетите на РК „Прилеп“ во среда на фајнал форот во Струга ќе ја бранат шампионската титула

Кадетите на РК „Прилеп“ во среда на фајнал форот во Струга ќе ја бранат шампионската титула

Пишува: Зоран Милошески

„Ако дадеш сѐ од себе, секогаш ќе бидеш победник“ – гласи мотото на ракометната кадетска екипа на РК „Прилеп“, која втора година по ред успеа да избори пласман меѓу четирите најдобри екипи во државата.

Имено, откако минатата година кадетите на РК „Прилеп“ под тренерската палка на Адријано Котевски на фајнал форот во Прилеп станаа државни шампиони, и оваа година, после импресивниот биланс од 16 победи на исто толку натпревари, убедливо го освоија првото место во Ракометната кадетска лига мажи – Група 2, со што изборија можност да ја бранат минатогодишната титула.

Кадетите на РК „Прилеп“ во среда на фајнал форот во Струга ќе ја бранат шампионската титула

Финалниот турнир на четирите најдобри кадетски екипи ќе се игра во среда, 5 јуни, во Струга. Покрај домаќинот, екипата на Ракометната школа на Кире Лазаров „КЛ-7“, друштво на прилепските ракометари ќе им прават и кадетските екипи на скопски „Вардар“ и „Еурофарм Работник“ од Битола.

Жрепката сакаше РК „Прилеп“ во полуфиналето за противник да ја добие екипата на РК „Еурофарм Работник“, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат екипите на РК „Вардар“ и РШ „КЛ-7“.

Уште пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/2019, тренерот Котевски потенцираше дека главна цел на кадетската екипа на РК „Прилеп“, е пласман на фајнал форот. Сега, откако целта е остварена, младите прилепски ракометари кои не знаат за пораз цели две години, на финалниот турнир патуваат растоварени од обврската за висок пласман, бидејќи со самото учество на фајнал форот, веќе е постигнат голем успех. Меѓутоа, тоа никако не значи дека во Струга одат со “бело знаме“. Напротив.

Кадетите на РК „Прилеп“ во среда на фајнал форот во Струга ќе ја бранат шампионската титула

„Среќен сум што и оваа година обезбедивме пласман меѓу четирите најдобри екипи во Македонија во кадетска конкуренција. Иако составот е прилично изменет во однос на минатогодишниот, постигнатите резултати и прикажаната игра се најдобар доказ дека и годинава имаме одлична екипа. Со постигнатиот резултат, на најдобар начин ги демантиравме злите јазици за наводниот крах и пропаст на прилепскиот ракомет. Нашите кадети, кои две години немаат изгубено натпревар и кои ‘се прошетаа’ низ ракометната кадетска лига, покажаа што значи да се игра со срце и како треба да се бранат боите на клубот, но и угледот на градот. Овие деца се иднината на прилепскиот и на македонскиот ракомет, затоа ги повикувам сите оние кои му мислат добро на ракометот, секој на свој начин да им даде поддршка. Она што пред почетокот на фајнал форот можам да го ветам во нивно име, е дека ќе играат со срце за клубот, за Прилеп, и дека ќе го дадат својот максимум. Јас силно верувам во нив и убеден сум дека од Струга ќе се вратиме со крената глава“, вели Котевски.

Кадетите на РК „Прилеп“ во среда на фајнал форот во Струга ќе ја бранат шампионската титулаПрвиот натпревар кадетите на РК „Прилеп“ го играат во среда во 10.30 часот, а два часа подоцна на програмата е вториот полуфинален натпревар. Попладнето во 17.30 часот ќе се одигра натпреварот за третото место, додека големото финале е закажано за 19.30 часот.

Сите натпревари од финалниот турнир на кадетската ракометна лига на Македонија, ќе се играат во салата на Спортскиот центар „Тими“.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …