Каевски: Мицкоски да одговори за диловите со Груевски и барањата за амнестија

Каевски: Мицкоски да одговори за диловите со Груевски и барањата за амнестија

Прес-конференција на Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани,

Внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи.

СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот.

Мицковски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ.

Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски.

Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?

Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.

Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен.

СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …