Седница на Советот на општина Прилеп

Прилепските советници денеска ќе разговараат за енормното загадување на воздухот во градот

На барање на советничката група на СДСМ и Коалицијата, на денешната 32 седница Советот на Општина Прилеп ќе расправа за состојбата со енормното загадување на воздухот во градот.

Како што е познато, неколку месеци наназад граѓаните на Прилеп, особено жителите од населбите Сточен пазар, Чачорица, Бончејца и Корзо, во попладневните и вечерните часови од денот се изложени на неподнослива смрдеа која директно се рефлектира врз нивното здравје.

И покрај секојдневното алармирање од страна на граѓаните, надлежните инспекциски служби од Општина Прилеп до денес не успеаја да ги пронајдат и да ги санкционираат загадувачите.

Прилепските советници денеска ќе разговараат за енормното загадување на воздухот во градот

Прочитајте повеќе

дожд врнежливо време

Денеска и во следните денови нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно …